„Есенски музички свечености 2019“: Во четврток балетот „Дамата со камелии во НОБ!

Во петок, 22. ноември  со почеток во 20. часот, во рамките на фестивалот „Есенски  музички свечености“ 2019, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“  на музика од Џузепе Верди.
„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи  Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш  гостин од Словачка.
Во главните улоги ќе настапат првенците Мими Поп Алексова Атанасовска  и Бобан Ковачевски.
Настапуваат  солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент е Иван Еминовиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРВА ГРЧКО-МАКЕДОНСКА ФИЛМСКА КОПРОДУКЦИЈА ПОДДРЖАНА ОД ЕВРОПСКИОТ ФОНД ЕУРИМАЖ

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж ја …