Една улица во Србија ќе го добие името на Тоше Проески

Еден од најдобрите пејачи во пост-југословенскиот простор, Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007. година, ќе добие улица во селото Јабука кај Панчево.
Предлогот улицата во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, беше упатен до Градското собрание на Панчево.
Според извештаите на медиумите, жителите на селото Јабука, на овој начин, сакале да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.
Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево, Северна Македонија.
Тоше Проески почина пред 12. години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Неготинчани појаки од короната: Одржан традиционалниот Џез фестивал „Jazz 1440“ – Неготино 2020

Синоќа во Неготино, под покровителство на центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа традиционалниот џез …