(ВИДЕО+ФОТО) НОВ УСПЕХ ВО „НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА“ – Македонскиот кандидат и пееше на својата сопруга: Неда Украден со комплиментот „Ова го можат само Македонците!“

 Не можеме а да не кажеме „СЕКОЈА ЧЕСТ„ за сите кои собираат храброст да се појават во шоуто „Никогаш не е доцна“ бидејќи после долги години само желба се добива вистинска шанса за настап и тоа пред милионски аудиториум…Еден од нив, секако е, Игор Ангелов од Струмица кој синоќа го воодушеви жирито…
Игор Ангелов (45) од Струмица, е вработен во музичкото училиште во родниот крај како професор по народни инструменти, а како што вели и неговиот татко исто така бил наставник по музика.
Македонскиот кандидат истакна дека уште од второ одделние започнал да свири и да заработува, а неговата желба е да стигне до крајот на музичкото шоу.
„Целта ми е да ме слушнат поголем број на луѓе“ вели Игор.
Поддршка на македонскиот кандидат беше неговото семејство, односно неговата сопруга и двете ќерки.
Ангелов се претстави со песната „Теби“ од Мирослав Илиќ, а додека ја пееше песната, македонскиот кандидат погледнуваше во неговата сопруга која Жика Јакшиќ ја изведе на сцената, па така Игор и пееше на својата сопруга.
Жирито имаше само пофални зборови за Игор.
„Јас толку уживав, па немам појма дека ова е некој натпревар. Ова е една прекрасна приказна, да го слушаме овој глас. Браво. Ова го можат само Македонците“ истакна Неда Украден.

„Јас навистина уживав“ беше краток Жељко Васиќ.
Овој пат ни Саша Маринковиќ Маре немаше забелешки за македонскиот кандидат.
„Мене ова ми е професорски, на ниво, се слуша совршениот слух. Посебно ти честитам на дикцијата која ти е совршена. Секоја чест“ вели Маре.
Жика Јакшиќ истакна дека она што посебно го радува е што кога сопругата на Игор излегла на сцена се забележала љубовта која се уште трае.
Игор помина во следниот круг, а како тогаш ќе се претстави останува да видиме. Дотогаш неговиот настап погледнете го видеото подолу на 31:58.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …