(ФОТО) Еве што се случува во вашето тело и мозок кога сте под стрес поради финансиите

Луѓето се под стрес, а парите се една од главните причини за тоа.
Всушност, едно неодамнешно истражување од „Credit Sesame“ покажало дека 82% од оние што се борат со кредитна картичка, имаат стрес. Четириесет проценти од нив се срамат поради тоа, а дури 25 проценти рекле дека плачеле заради ситуацијата во која се нашле.
Но, ако самите некогаш сте се соочиле со финансиски проблеми,сте се увериле дека последиците можат да бидат многубројни. Од нарушено когнитивно функционирање до сериозни болести, еве што точно се случува во вашето тело при доживување на овој вид стрес:
Телото ви кажува „бори се или бегај“
Во вас се јавува нагон да се борите или да побегнете, а станува збор за механизам за преживување кој им овозможил на нашите предци да реагираат брзо во ситуации кога тие се соочуваат со непосредна закана. Во овие моменти, стресните хормони како што се адреналин или кортизол се ослободуваат за да ви помогнат да се справите со проблемот.
Иако веројатно нема да мора да се справите со предаторски напад во дивината, современите закани, како финансиски проблеми, можат да предизвикаат ист вид реакции.

„Оваа природна реакција има ефект врз организмот.Тоа нè исцрпува“, објаснил Аиме Дарамус, клинички психолог во Чикаго.
Дарамус тврди дека овој вид стрес може да доведе до толку многу напрегање на мускулите што би можеле да ја почувствувате болката. Покрај тоа, го оштетува имунолошкиот систем.
„Може да предизвика главоболка и друга болка, дури и ако не сте свесни дека сте стрес“, додала таа.
Ќе започнете да донесувате лоши одлуки
Дури и ако се сметате за интелигентна, рационална личност, финансискиот стрес може да ја ослабне вашата способност да донесувате добри одлуки.
„Под стрес, протокот на крв се намалува во предните и префронталните лобуси и се зголемува во делови од мозокот што помагаат за преживување, како што е амигдалата“, рекла Дарамус.
Бидејќи овие делови на мозокот помагаат при вештини како што се решавање на проблеми, планирање, концентрација и контрола на импулсот, намаленото функционирање во овие области може да доведе до лоши одлуки.
Кога сте загрижени или во паника за вашата финансиска состојба, вашите одлуки стануваат се’ поимпулзивни и водени од поривот да преживеете.
„Дејствуваме брзо и одлучно, но не секогаш толку точно како и обично“, објаснува Дарамус.

Може да се појави вознемиреност и депресија
Со оглед на тоа што парите се дел од нашите животи, постојаното загриженост за тоа може да доведе до посериозни психолошки проблеми.
„Кога сме под стрес поради пари, можеме да станеме многу вознемирени, па дури и депресивни“, вели Карла Мари Мели, клинички психолог во Калифорнија.
Освен тоа, има моменти кога луѓето имаат самоубиствени мисли заради финансиските проблеми со кои се соочиле.
Студијата на „The Ascent of America“, во која биле вклучени луѓе кои имаат најмалку 1.000 долари долг,дошла до  загрижувачки податоци за поврзаноста помеѓу чувствата на среќа, исполнетост и самодовербата со финансиската неволја. На пример, 38 проценти изјавиле дека поради имањето долгови невозможно им е да спијат ноќе, 48% рекле дека нивниот долг имал негативен ефект врз нивниот оптимизам, додека 47% рекле дека тоа негативно влијае на нивната самодоверба. Не е изненадувачки дека  97% од испитаниците сметале дека би биле посреќни доколку немаат финансиски проблеми.

Хроничниот стрес доведува до сериозна физичка болест
“Кога нивоата на адреналин и кортизол стабилно се зголемуваат, се појавуваат физиолошки оштетувања. Како резултат на тоа, многу од оние кои страдаат од хроничен стрес имаат поголема стапка на срцеви заболувања, дијабетес, хронични проблеми со спиењето и други здравствени проблеми”, вели Манли.
Се зголемува ризикот од развој на зависност
Истражувањата покажале дека оние кои имаат проблеми со парите развиваат зависности многу полесно. На пример, една студија спроведена на државниот универзитет во Њујорк открила директна врска помеѓу зголемениот финансиски стрес и прекумерната потрошувачка на алкохол и пушењето, особено кај постарите мажи. Според Хафпост, откриено е дека високи нивоа на стрес претставуваат предиктор за континуирана употреба на опијат, како што е хероин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЕМОТИВНА ЧЕСТИТКА: Бергузар Корел за 11. годишнина на бракот открила што му посакува на Халит!

Брачниот пар Халит Ергенц и Бергузар Корел ги освоија срцата на публиката во Македонија со …