(ВИДЕО+ФОТО) ФЕНОМЕН – ОВА Е ПРИКАЗНА ЗА ЖЕНА КОЈА СЕ ВРАТИЛА ОД МРТВИТЕ-АНА 80. МИНУТИ БИЛА ЗАРОБЕНА ПОД ЛЕД: Температурата на телото и била нестварно ниска а после 12. дена се случило чудо!

Човечките тела најдобро функционираат на 37 степени, а во случај на зголемена ладнина или топлина, притисокот врз нашите витални органи се зголемува, а телото се бори да преживее. Сепак, постојат случаи кои граничат со чуда, кога телото преживеало нешто што не може да го објасни науката.
Ова е точно она што и се случило во 1999. година на шведската докторка Ана Багенхолм, која за време на несреќата ја имала најниската телесна температура која некој некогаш ја доживеал, а тим на бистри лекари брзо ја вратиле во живот.
Ана поголемиот дел од животот го поминала во Универзитетската болница во норвешкиот град Тромсо. Работејќи како радиолог, таа правела снимање со магнетна резонанца и СТ-скенови, ги проверувала пациентите и одела на посети. Но, пред скоро две децении, и самата влегла во историјата во истата болница. Бизарната несреќа се случила едно утро во мај 1999. година, кога Ана со неколку нејзини пријатели отишла на скијање.
Условите биле одлични, а сонцето ветувало одлична видливост во текот на ноќта.
Сепак, по неколку рунди на спуштање, Ана се сопнала, ги изгубила скиите. Таа некако завршила под замрзнат водопад, талкајќи дезориентирано. Потоа слушнала пукање на ледот и со главата надолу паднала во ледената вода.

Пријателите ја грабнале за чизмите, спречувајќи ја да тоне подлабоко, но не можеле да ја извлечат. Тие брзо повикале помош, додека главата на Ана заглавена под површината на мразот успеала да најде џеб воздух доволно голем за да дише.
Нејзината облека станала потешка, натопена во вода толку ладна што била скоро замрзната. Температурата на телото и опаднала и таа се онесвестила.
Кога спасувачите се појавиле со силно јаже и лопата за кршење на ледот и ја извлекле, таа била потопена околу 80 минути. Таа немала пулс, нејзината кожа беше морничаво бледа, а нејзините зеници биле огромни. Хеликоптерот итно ја префрлил во болница. Ана била ледена, а ЕКГ-то покажувало целосно рамна линија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …