(ФОТО) Младоженец и’ на поќерката и напишал завет поради кој сите се расплакале – дури и’ оние со најтврди срца

Џими Гизонди сосема неочекувано станали интернет сензација благодарение на заветите што ги прочитал на неговата свадба.
Тој и неговата вереница Келси се венчале на фарма во Пиперсвил во Пенсилванија, а покрај тоа што направил завет за својата ново сопруга, младоженецот исто така подготвил и посвета на својата поќерка Оливија.Со тоа ги натерал сите на свадбата да плачат, а кога неговиот говор станал вирален,а корисниците на интернет ширум светот го споделувале па станал вирален.
„Оливија, од денес па натаму, ветувам дека секој ден ќе те потсетувам колку си сакана. Ветувам дека ќе те учам, водам и почитувам додека сум жив. Ветувам дека никогаш нема да те третирам поинаку отколку како да си мое дете. Јас сум многу среќен што можам да кажам дека си моја ќерка. Од денес па натаму, навистина ќе бидеш мојата ќерка и втората љубов во мојот живот. Те сакам“, напишал тој.

Gepostet von Kelsea Gisondi am Montag, 4. November 2019

Како што подоцна Келси во интервју за „Хафпост“ рекла, таа знаела дека Џими ќе и чита нешто и на нејзината ќерка, но не знаела што точно.
„Јас бев самохрана мајка практично од првиот ден. Ова беше нешто за што отсекогаш сонував, но не мислев дека некогаш ќе се случи. Делот што најмногу ме импресионираше беше кога ја нарече Оливија втората љубов во неговиот живот. Да се има човек кој го сака вашето дете како и вас, е навистина неописливо чувство“, рекла Келси.

Gepostet von Abigail Gingerale Photography am Dienstag, 5. November 2019

Покрај заветите, тој за 9-годишното девојче подготвил и симболичен подарок кој секогаш ќе ја потсетува на денот – ѓердан на кој е врежано нејзиното име, камен на раѓање и датумот на нивната венчавка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …