(ФОТО) ДЕВОЈЧЕ ЗА ВОСХИТ: Има само 6. години, а веќе два пати го освоила Килиманџаро

“Ешлин го собори рекордот кој го држеше Монтана Кини од САД, а која минатата година, до врвот се искачила со седум години и десет месеци. Горда сум на своето дете, беше неверојатно искуство”
Шестгодишното девојче Ешлин од Велика Британија, станала најмладото женско лице кое дошло до врвот на планината Килиманџаро во Африка.
Подвигот на малечката, но силна Ешлин Мендрик, ги воодушевил и искусните планинари. Девојчето одбило било каква помош при искачувањето до висина од 5.895 метри. Инаку, до врвот Ухуру, доаѓаат само две третини од лицата кои тргнуваат кон него.
Толку уживала во качувањето што две недели подоцна, Ешлин повторно се искачила на врвот по втор пат. Таа се надева дека еден ден ќе го освои и Монт Еверест.
Ешлин е од Западен Сасекс и на експедицијата била со својата мајка Викторија и 11-годишниот брат Николас. До врвот пристигнала на 29-ти септември, а истото го повторила и на 13-ти октомври.

Првото искачување траело шест дена, а второто пет.
“Ешлин го собори рекордот кој го држеше Монтана Кини од САД, а која минатата година, до врвот се искачила со седум години и десет месеци. Горда сум на своето дете, беше неверојатно искуство”, рекла Викторија, мајката на Ешли.
Најмладата личност која се искачила на Килиманџаро е Колтон Танер од Ново Мексико, кој во 2018-та година го освоил врвот со шест години и еден месец, а бил помлад само неколку месеци од Ешлин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) МОЌЕН НАПИТОК – ЗЛАТНО МЛЕКО КОЕ ПРАВИ ЧУДА: Го подобрува варењето, спречува воспалувања и помага при слабеењето!

време е и вкусно… Куркума млекото е мешавина од куркума и млеко што има одличен …