(ВИДЕО) НА ЛОТО ДОБИЛ МИЛИОНИ А СЕГА РАБОТИ КАКО РУДАР-7 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Иако бргу ги потрошил парите објаснил ЗОШТО СЕГА Е ПОСРЕЌЕН!

Шкотот Мајкл Керол освоил 9,7 милиони фунти на лотаријата во 2002. година. Во меѓувреме, тој го потрошил своето богатство и сега работи како рудар 7. дена во неделата.
Добитното ливче го купил за една фунта, а кратко време по огромната добивка, ја напуштил својата работа и почнал да живее раскошно.
Сепак, тој тврди дека сега е посреќен. Како што вели, не жали што потрошил толку многу пари за кратко време.

Парите ги трошел на алкохол, дрога, секс и други задоволства. На суд бил 30 пати. Возел луксузни автомобили и имал три луксузни летни вили.
„Тоа беа најдобрите десет години од мојот живот. Не можам да го вратам времето.И денес живеам добро. Живеам слободно. Среќен сум што чувствувам дека си го вратив животот“, рекол тој.
Од девет милиони фунти, четири милиони биле дадени на семејството на, сега поранешната сопруга, Сандра.
Сепак, тоа не било доволно за да го зачува својот брак.

Таа го напуштила поради неговиот животен стил кој подразбирал забава, брзи автомобили и многу други „забранети“ нешта.
Тој ги продал летните вили, а во некои пабови му бил забранет влезот.
Мајкл сега живее во Шкотска каде изнајмил куќа. Плаќа кирија од 500. фунти и секој ден до работа оди пешки.
Дури и денес, тој се надева дека повторно ќе добие на лотаријата, но знае дека ако тоа се случи би знаел како да не влезе во неволји.
“Луѓето често ме прашуваат како ги изгубив пари. Им велам дека не ги изгубив, туку дека ги потрошив”, објаснил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …