(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето здравје?
Со сигурност знаете дека медот е одличен за здравјето и го препорачуваат многу нутриционисти, но доколку се комбинира со млака вода ќе направи чудо за организмот.
Овој пијалок веќе долго време се користи за женска убавина, но и како превентива и лек за разни состојби во организмот.

Мед и  чаша топла  вода помага при слабеење
Шеќерот што се наоѓа во медот е природен и здрав извор на калории. Покрај тоа, оваа комбинација ќе ја намали желбата за слатки.

Мед и  чаша топла  вода го подобрува варењето на храната
Медот и водата можат да го регулираат функционирањето на дигестивниот систем. Антисептичките својства на медот можат да имаат корисен ефект врз варењето на храната, а комбинацијата со вода ја прави столицата помека.

Мед и  чаша топла  вода е добар лек за имунитет
Медот има неверојатна способност да ги неутрализира бактериите. Особено се препорачува органски мед, кој има најмногу минерали и витамини кои се борат со бактерии. Медот е исто така одличен антиоксиданс, кој помага во борбата против слободните радикали.

Ја зголемува енергијата
Комбинацијата на мед и топла вода разбудува подобро од шолја кафе.

Го смирува болното грло и ја олеснува кашлицата
Според препораката на познатата клиника Мајо, топлата вода и медот можат да ги ослободат болката во грлото и да ги смират кашлиците.

Одлична комбинација за детоксикација на телото
Медот и водата ќе му помогнат на вашето тело да се ослободи од отровите. Доброто варење, кое исто така е зафатено од медот, е одговорно за детоксикација на организмот.

Можете да добиете уште подобри резултати со додавање на лимон во водата со мед. Киселината во лимонот има позитивен ефект врз функциите на ензимите и ја стимулира функцијата на црниот дроб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еве кои намирници помогнуваат да се намали холестеролот!

Храната има директно влијание врз многу аспекти на животот, вклучувајќи го и здравјето на срцето. …