(ВИДЕО+ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА СРЕЌА – На ливада со детектор за метал барале загубена бурма: Наместо прстен нашле нешто поради што се побогати за 100.000 фунти!

Кога двајца Ирци со детектор за метал почнале да ја бараат бурмата на еден нивен пријател не можеле ниту да претпостаат дека дома ќе се вратат побогати за 100 000 фунти.
Пол Рајнард (44) се расплака кога тој и неговиот најдобар пријател Мајкл Гвин (52) наишле на вистински „богатство во ќуп“ на ливада блиску до Баликасл во Северна Ирска.
Пронашле 84. златници што датираат од 16 век. Експертите велат дека само една ултра тенка паричка со ликот на Хенри Осми чини 5.000 фунти.

А имало и еден од 1546 година кога владеел кралот Едвард Шести, кој може да вреди до 3.000 фунти.
Пол и Мајкл биле на одмор кај еден пријател на земјоделец, кој ги замоли да му помогнат да ја најде бурмата, која му испаднала додека работел на нивата.
Првично, тие пронашле само паричка од пет пени и потковица, пред инженерот за осветлување, Пол Рајнард, буквално да го пронајде богатството.
„Ова е моментот кога сонувавме“, му рекол Пол на пријателот.

„Беше неверојатно чувство, како да проверувате броеви на лотарија и да откриете дека сте погодиле џекпот. Се тресев. Јас сè уште не можам да верувам во тоа“, рекол Рајнард.
Монетите моментално се оценуваат во Музејот во Алстер и, според проценките, овој куп монети може да вреди повеќе од 100.000 фунти.
Кога станува збор за прстенот, тој е сеуште изгубен некаде во ливадата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …