(ВИДЕО+ФОТО) КАДЕ ОТИДЕ СВЕТОТ – ЕДИНСТВЕН И ЛУКСУЗЕН: Хотел во облик на гитара

Џиновската рок гитара, која можете да ја видите во Форт Лаудердејл, Флорида, всушност е единствен луксузен хотел. Таа е една од најневеројатните архитектонски творби во светот што привлекува огромно внимание на јавноста.
Хотелот, за кој велат дека е неверојатен, различен, возбудлив, забавен, за збогатување на поп културата, е дел од големиот проект на Хард Рок. Секоја вечер, на „фасадата“ на гитарата, со спектакуларна музика, се одигрува спектакуларно гитарско лајт шоу.

Дизајнирани како две гитари кои се потпираат една на друга, со висина од околу 140 метри,вистински спектакл е за секој што ја гледа. Има 35. спрата, 638. луксузно опремени апартмани и соби, базени, лагуна, како и Рок Спа од 3.900 метри квадратни, бидејќи целиот хотелски комплекс се наоѓа на километар и пол од плажата во Холивуд, гратче недалеку од Мајами и Форт Лаудердејл.
Хотелот, во кој и небото се огледува, има и големо казино, со 3.000 слот машини, 193 маси за играње и покер соба со 46 маси, концертна сала со 7.000 места, многу продавници и театарски сали.
Хотелот, подигнат на земја што им припаѓа на Семинола Индијанците, има и големи простории за состаноци, како и 19. ресторани и 20. барови за широк спектар на вкусови.

На хотелот му е додадено името Семиноле – единствената нација од домородно потекло на тлото на Соединетите Држави, која во историјата никогаш официјално не капитулирала. Владата на САД им доделила суверенитет над племенската територија.
Проектот за иградбата на хотелот гитара вреден 1,5 милијарди американски долари, заедно со парите за концерти, што дополнително ќе привлече туристи од целиот свет може да се препознаеод авион.
На церемонијата на отворање кон крајот на октомври биле вклучени Џони Деп, Морган Фримен, Марун 5 и бројни личности на светскиот џет сет, а во почетокот на ноември во тој хотелски комплекс настапувале Стинг и Андреа Бочели.

Меѓу необичните хотели е ки инескиот Тианзи, или како што го нарекуваат „Хотелот на синот на небото“, кој веднаш по изградбата влегол во Гинисовата книга на рекорди како најголема градба-слика на планетата. На него е божество кое донесува просперитет и долговечност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СОСЕМА ПРИРОДНО – Список на болести кои ги лекуваат медот и оревите: Еве зошто треба да ги јадете во текот на зимата!

Ќе ви користат ако сте под емотивен стрес или имате тешка физичка работа Медот и …