Федерер: „Победата против Новак може да се смета дупло!“

Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека може да смета двојна победа против Новак Ѓоковиќ, бидејќи самиот докажа дека во своите (38) години е способен да го победи најдобриот на светот.
Федерер го победи Ѓоковиќ во последната рунда  го елиминираше српскиот тенисер од групната фаза на Фајнл-мастерот, и си обезбеди место во полуфиналето.
„Против Новак не се прашувате секогаш вие, но важно е да знаете што кога сакате да одиграте. Особено на брзата подлога. Затоа што ако се сомневате во себе, сè се случува многу брзо. Тоа ми се случи со Тим и Беретини, не знаев колку агресивно да играм, со каков удар да се користам“, рекол Роџер.
“Тим играше одлично против мене, дури и подобро против Новак. Знаев дека против Беретини морав да победам. Се обидов да го сторам тоа. Имав план за Новак. Тоа беше трет меч што го играв на турнирот, влегов до ритамот“.
Воедно, Роџер ја забележал својата прва победа над Новак од 2015. година, реванширајќи се на некој начин на српскиот тенисер за победата во финалето на Вимблдон.
„Медиумите постојано ме потсетуваа на Вимблдон, но вие сте добри колку што покажувате на следниот натпревар. Не можам да погледнам назад. Многумина ве оценуваат само врз основа на резултати, но сè случуваат уште многу други работи. Ваква победа на моја возраст може да смета двојно, бидејќи сè уште сум тука и сè уште верувам дека можам да го освојам најдоброто“.
Федерер ќе се соочи со Стефанос Чиципас за финалето на Мастерсот во сабота од 15 часот..
Натпреварите во Лондон можете да ги гледате на каналите на Спорт Клуб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СРАМ ЗА НАВИВАЧИТЕ НА СИТИ: Манчестер Сити соработува со полицијата после срамната сцена кон Фред!

Дербито во Манчестер во кое Сити го дочека Јунајтед кој славеше со 2:1 го одбележа …