(ВИДЕО+ФОТО) ГРАД КОЈ ИСЧЕЗНУВА: Венеција под вода – ова не е видено од 1966. година – затворен Плоштадот Свети Марко но најлошото допрва доаѓа!

Централниот плоштад Свети Марко во Венеција бил поплавен и затворен за туристите, додека водата ги поплавила продавниците и хотелите во тој италијански град.
Локалните власти соопштија дека плимата достигнала 154 см, нешто под очекувањата, но 70% од градот сè уште е под вода.
Најлошите поплави во Венеција во последно време се забележани во 1966. година кога бранот достигнал 195. сантиметри.
“Уште еден ден аларм за Венеција. Југото продолжува да дува. Ги повикувам сите … да се подготват за нивото на водата”, напишал градоначалникот Луиџи Брунаро на својот профил на Твитер.

Брунјаро ги обвинил климатските промени за поплавување на градот, историската базилика, плоштадите и зградите стари по неколку векови.
Нивото на водата ќе се спушти на 110-120 сантиметри во текот на викендот, соопштил Венецијанскиот метеоролошки институт.
Во нормални околности, нивото на морето е 80-90 сантиметри што е генерално многу, но е под контрола.
Снег се очекува во градот Белуно, на северот од регионот Венето, во подножјето на Доломитите, што потенцијално би можело да ја влоши ситуацијата во Венеција.


Италијанската влада прогласила вонредна состојба во Венеција и доделила почетни 20. милиони евра за санирање на штетата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …