(ФОТО) Роџер Федерер подобар од Ѓоковиќ – заврши лондонскиот сон!

Во меч кој траеше само 74. минути, Роџер федерер го совлада Ѓоковиќ со 2:0 (6:4, 6:4) и го заврши неговиот сон за враќање на првото место на АТП листата како и освојување на уште една титула на завршниот Мастерс, со што ќе се изедначеше со славниот Швајцарец.
И’ според признание на Ѓоковиќ, Федерер бил подобар во сите сегменти на играта, а нему му недостасувала самодоверба.

Федерер пак напоменал само една разлика во однос на финалето на Вимблдон – „Искористена меч топка“.
Ѓоковиќ делуваше несигурно и без самодоверба што беше причина за два загубени сервис гемови кои беа доволни за победа на Федерер.
Претходно Беретини го совлада (7:6, 6:3), не доволно ангажираниот, Тим, кој веќе го имаше обезбедено полуфиналето.

Денеска завршуваат пресметките и во втората група каде се знае дека Стефанос Циципас е сигурен полуфиналист со две победи досега, а денес во 15. часот ќе игра со Надал. Од 21. часот Александер Зверев ќе се обиде да избори пласман во полуфиналето во дуелот со Данил Медведев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Водител во Нов Зеланд вулгарно го навредувал Новак Ѓоковиќ: Фановите му одговориле на социјалните мрежи!

НОВАК ЃОКОВИЌ и контроверзниот Адрија тур и натаму се предмет на дебата низ целиот свет. …