(ФОТО) Оваа мајка ќе ги загуби забите и ќе ослепи за да мине што повеќе време со децата!

Мајка која боледува од карцином решила да го издржи губитокот на видот и горните заби заради радиотерапија, само за да може да помине малку повеќе време со своите деца.
На 37.годишната Кери Борлеис лекарите после прегледот ја испратиле дома, и покрај тврдењето дека нешто и го блокирало носот. Шест месеци подоцна, таа направила биопсија со која бил откриено дека има голем канцероген тумор зад носот и окото, пренесува порталот LADBible.

“Имав напад на паника во чекалната кога отидов за резултатите од биопсијата. Лекарот ме одведоа во страничната просторија и кога ми рекоа дека имам карцином, бев хистерична и целосно изгубена. Веднаш закажав операција и туморот ми беше отстранет. Хирургот беше убеден дека е во можност целосно да го отстрани“, рекла Кери.
И’ покрај операцијата на која што таа била подложена минатиот месец, потребна е и низа радиотерапии за да ги намали шансите за враќање на ракот, бидејќи без радиотерапија, шансата за враќање на рак е 50% а со терапија се намалуваат на 20%.
„Донесов тешка одлука да се подложам на терапија. Повеќе би извадила половина од забите и да бидам ослепена отколку што сакам сопствените деца да ме закопаат“, рекла таа.

Радиотерапијата ќе и ги уништи горните непцата и ќе предизвика губење на видот
Проблемот е во тоа што третманот ќе ги уништи горните непцата и, веројатно, ќе предизвика да го изгуби видот во десното око.
„Радиотерапијата ќе ми ги уништи горните непца затоа што мора да се локализира до каде е карциномот, така што следната среда ќе ги отстранам сите горни заби а бидејќи ракот се шири зад десното око, голема е веројатноста дека ќе го изгубам видот во тоа око“, рекла Кери.

Сепак,Кери не поминува сама низ сето тоа.
„Мојот партнер Роб ми дава голема поддршка во сè. Обајцата моравме да ги напуштиме работните места, така што сега е уште потешко“, рекла таа.
Покрај партнерот Роб, Кери има поддршка од семејството и пријателите кои дури и покренале crowdfunding кампања за финансирање, со надеж дека донациите ќе им помогнат во патните и медицинските трошоци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ДЕЗЕН НА АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ – Џорџина предизвикала дебата поради овој фустан: „Кардашијанка барем ги троши своите пари, а не на Роналдо“

И’ додека Кристијано Роналдо моментално минува низ најтурбулентниот период во кариерата, поради кој неодамна се …