(ФОТО) Роналдо живее бајка па во тој стил го прославил и вториот роденден на ќерката Алана!

ТЕМАТСКИТЕ детски родендени се сè почеста појава, а за нивната популарност најзаслужни се познатите личности.
Затоа и не изненадува што Кристиано Роналдо го прослави и вториот роденден на својата ќерка Алана Мартина на ист начин.Згора на тоа, се чини дека неговата вереница Георгина Родригез е исто така за вљубена во светот на бајките и принцезите, па веќе втора година таа ја избира оваа сама тема за роденденот на малото девојче.
Да потсетиме дека на фотографиите што славната двојка тогаш ги објави Алана Мартина позираше со својот брат и сестра, близнаците Ева и Мате. Додека славеничката била облечена во костум од Снежана, Ева била облечена како Пепелашка, а малечкиот Матео станал Спајдермен.
“На 12.11.2017 година, нашиот дом стана побогат за уште еден член. Денес, Алан Мартин слави една година. Беше година полна со љубов и среќа. Уште еден благослов во прекрасното семејство што го изградивме со толку многу љубов. Благословени сме и многу сме благодарни што дојде во нашите животи. Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта што ни ја давате и ви благодарам за толку прекрасните честитки до Алана“, напиша гордоста мајка во тоа време.

На маскирањето оваа година се придружила и згодната Георгина.
Манекенката споделила фотографија на која позира во друштво на нејзината ќерка, но и со осумгодишниот син на Кристијано и неговите едногодишни близнаци Ева Марија и Матео. Додека момчињата биле маскирани како филмски суперхерои, девојчињата ги отелотворуваа принцезите во склад со сите украси.
„Среќен роденден, животе мој. Те сакаме“, напишала Родригез а гордиот тато споделил скоро идентична фотографија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско …