За новопечените родители не постои ништо поубаво од моментот кога првпат ќе го земат своето новородено бебе во раце.
Повеќето породувања минуваат сосема нормално и без поголеми проблеми, но постојат и случаи кај кои докторите не можат да веруваат што всушност се случило. Еден од мажите на интернет споделил неверојатна приказна за детал кој бил откриен дента кога добил дете.

Бременоста минала во најдобар ред, во болницата се јавиле во закажаниот термин. Набргу потоа, дошло веме за породувањето кое воопшто не било проблематично, но кога докторите ја сечеле папочната врвка забележале нешто необично – имала јазол!

Во повеќето случаи тоа би значело дека крвта и хранливите состојки не течат кон фетусот па би било причина за прерана смрт на бебето. Меѓутоа, овој случај бил исклучок. Детето слободно дишело, плачело и кожата му била со нормална боја. Малечкиот бил потполно здрав.

Докторите многу ретко гледаат ваква појава па сакале да ја сликаат. „Побрзај тато, сликај го ова! Твоето дете е вистинско чудо!“, му рекол еден од докторите на новопечениот татко.

Тој тоа и го направил, а фотографиите ги споделил на интернет каде многу луѓе се воодушевиле но и родителите кои исто така доживеале необични породувања.