(ФОТО) Момент кој сите го чекале: Шестмината од „Пријатели“ ќе се појават во нова ТВ авантура

Иако со години негираа и одбиваа да снимаат нови авантури, Рејчел Грин, Рос и Моника Гелер, Чендлер Бинг и Џои Трибијани наскоро би можеле да го доживеат враќањето на малите екрани. Странските медиуми ексклузивно носат вести дека целата актерска екипа се согласила на повторно обединување, а со идејата наводно се согласуваат и креаторите на обожаваната серија „Пријатели“
Според пишувањето на „Холивуд репортер“, легендарната екипа на „Пријатели“ е во преговори за нов ангажман што би требало да се емитува на HBO.
Џенифер Анистон би се вратила во својата улога уште од млада возраст и би станала Рејчел Грин, Кортни Кокс повторно би ја гледале како опсесивната Моника Гелер, Дејвид Шример како нејзиниот брат Рос Гелер, Лиза Кудроу како шашавата Фиби Бафеј, Мет Лебланк би станал ненадминливиот Џои Трибијани и актерот Метју Пери, кој во приватниот живот и тоа како се запуштил, би можел да се врати во нормала со својата улога како Чендлер Бинг.

Како што пишува споменатиот весник, сите тие се согласиле за ексклузивното враќање на „Пријателите“ и новиот проект што ќе ги покаже познатите шестмина две и пол децении откако по прв пат се појавија на малите екрани. Сè уште непознатиот проект, кој исто така беше потврден до одреден степен и од Анистон во еден од нејзините разговори во живо на ТВ, се согласуваат и креаторите на серијата, Дејвид Крејн и Марта Кауфман.
До крајот на годината, сите снимени епизоди во 10. сезони на „Пријатели“ ќе се емитуваат на услугата за стриминг на „Нетфликс“, која неодамна ги откупи ексклузивните права за 100. милиони долари. По истекот на договорот, серијата продолжува да се емитува на Ворнер Бросовиот стриминг сервис HBO Max.

Токму таму би требало да се прикажува специјалот за повторното обединување на актерската екипа, за кој сеуште со сигурност се знае дека не почнале со снимање. Преговорите за сите детали и услови се во тек, но на возбудените фанови веќе и самата информација дека се согласни за повторно собирање им е доволна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ:74% од новите случаи и 76% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во …