(ФОТО) ГОЛЕМО СРЦЕ: Елиф Елмас не заборава на старите пријатели – дрес за најдобриот другар во болница!

Македонскиот фудбалски репрезентативец кој често ни донесува радости кога ќе постигне гол, се чини дека има и големо срце.
Тој нашол време да го посети својот другар од населба кој моментално е во болница.
Елиф и Еркан израснале заедно во скопската населба Бутел. Елиф игра за Наполи, а Еркан се движи со помош на инвалидска количка, но тоа не го спречува нивното другарство.
Елиф Елмас денес на Инстаграм постави фотографија на која се гледа дека го посетил својот другар кој во моментов е во болница и му подарил дрес.

View this post on Instagram

Be strong my friend..God is big. 🙏❤️ @erkan.eko

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24) on

„Биди силен другар… Господ е голем“ е пораката која Елиф Елмас му ја посвети на својот другар Еркан.
Но, оваа случка пак не потсети на една друга. На онаа кога Елмас му подари дрес на малечкиот Јане кој е вљубеник во фудбалот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) НИШТО НЕ РЕШИЛ: Принцот Хари се вратил во Калифорнија и тоа еден ден пред 95. роденден на кралицата!

Иако се шпекулираше дека Хари ќе го продолжи престојот во татковината и ќе го прослави …