(ФОТО Галерија) Куќа со поглед на Лос Ангелес: Некогаш била сопственост на Бред Пит, а сега во неа ужива глумец од хит серија

Сместена на Холивуд Хилс, елитен кварт над Лос Ангелес, оваа убавица е моментално во сопственост на глумецот Арон Паил,кој се прославил со улогата во серијата „Breaking Bad“…
Арон Паул својот ѕвезден статус го заслужил со ангажманот во серијата „Breaking Bad“,а со заработените милиони можел да си обезбеди прекрасен дом во еден од најлуксузните квартови на Лос Ангелес.


Куќата на Холивуд Хилс се простира на вкупно 260 квадрати, а нејзината вредност се проценува на 2,2 милиони долари.
Нејзината најголема предност е секако ненадминливиот поглед на целиот град поради што дополнително добива на вредност. Сместена е на извонредна положба, изградена во 1931. година во таканаречениот шпански стил, со рустични елементи, а со оглед на тоа дека се наоѓа на косина се простира на неколку нивоа и полуспратови.


Во куќата има вкупно четири спални соби секоја со сопствена бања, тука е пространиот дневен престој, трепезарија и кујна, – единствената замерка на овој дом. Додека остатокот на просториите е уреден во шармантен стил, со многу вкус, во побледи тонови и со дрвени елементи, кујната баш и не може да се пофали. Неупадлива е, по малку здодевна и безлична.
Меѓутоа, она што го одзема здивот е погледот од пространата тераса, на скоро целиот кварт, како и деловната зона на ЛА, таканаречениот Downtown. Тука е и задната градина за поинтимни дружења и прослави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Витаминот Б12 се смета за главно оружје против тешки болести: Еве во која храна го има најмногу и што се лекува!

Витаминот Б12 или кобаламин е неопходна и многу важна компонента за здравјето на луѓето, тој …