(ВИДЕО+ФОТО) Ранчот на славниот глумец во Австралија уништен од страшниот пожар: Тој објавил фотографии од изгорениот имот!

Расел Кроу на Твитер објави дека пожарот уништил дел од неговиот прекрасен имот во Нов Јужен Велс.
55-годишниот актер Расел Кроу можел само да гледа како огинот го проголтува австралискиот имот.
Пожари има низ источна Австралија, а огинот го зафатил и имотот на славниот холивудски актер Расел Кроу во Нов Јужен Велс.

Актерот јсе огласил со објава на Твитер, каде накратко им кажал на обожавателите дека две згради на неговиот ранч од 400 хектари се целосно уништени, додека вистинската штета е сè уште непозната.
Во времето кога пожарот го зафатил неговиот имот, актерот бил надвор од земјата.

Иако на местото пристигнал и хеликоптер, тој можел само да ја минимизира штетата, но не и да ја спречи. Семејството на актерот е на безбедно.
“Јас не сум во Австралија, но моето семејство е безбедно кај моите пријатели. Пожарот го зафати мојот дом минатата ноќ. Моето срце во ова тешко време е со сите од целата област погодени од пожарот”, напишал ожалостениот актер со неколку фотографии од огнената стихија која стигнала и до патот до ранчот.

“Изгубив неколку предмети, но засега сум вистински среќник. Покривот на капелата изгоре, коњите се добри, кокошките се вратија. Чувствувам длабока благодарност за сите оние кои помогнаа да се изгасне огнот на мојот имот и пошироко. Некои пожари уште горат,а ни снемува и вода“, рекол актерот во друг твит со уште неколку фотографии ден по пожарот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …