(ВИДЕО+ФОТО) Давид Темелков го промовирал новиот албум но и љубов!

Давид Темелков, младиот македонски музичар кој кариерата ја гради во Хрватска, синоќа одржал промоција на неговиот прв албум „Дишам за нас“…
Подршка му пружила девојката, водителка на СМС и некогаш прва придружничка на Мис Универс на Хрватска, Елена Јунг, со која е веќе неколку години во врска.


На промоцијата Давид испеал неколку песни но и покажал дека меѓу младите музичари нема љубомора бидејќи негови успешни колеги биле да го прослават неговиот успех.


Секако, тука бил и композиторот Мирослав Рус кој е најзаслужен за успехот на Давид, бидејќи „го зема под свое“ и пишуваше песни за неговите гласовни квалитети кои тој и тоа како ги покажа во шоуто „Икс Фактор“.

Давид Неодамна го издаде и видеото од последниот сингл „Чувај ме Боже“ кој беше снимен во Сенкт Петерсбург.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …