Приказната зад грозоморната фотографија на предозирана мајка во автомобил во 2016. година додека нејзиното бебе на задното седиште плаче, после три години доби неочекуван пресврт.
Поточно, фотографијата објавена од полицијата, на која е прикажана Ерика Греј во несвест, со шприц во раката и зад воланот, многу брзо ја обиколи планетата и ги запрепасти сите што ја видоа.
Кога била пронајдена предозирана, полицајците во Индијана ја оживеале со две дози на Наркен – спреј за нос кој може да помогне при случаи на предозирање со хероин или други опиоиди. Во тој момент, Ерика била на условна слобода, па била осудена на 6-месечна програма за надгледувано ослободување од наркотици.
Само два дена откако се приклучила на програмата за рехабилитација, таа ја видела нејзината фотографија на вестите, на телевизија. Сега, три години подоцна, Ерика и нејзиниот тригодишен син повторно се заедно и слават 3. години откако таа е „чиста“.
„Се надевам дека луѓето виделе колку ниско сум паднала и дека ако се најдат во таа фаза кога се пониски од дното, да знаат дека постои шанса и дека и тие можат да се вратат“, рекла сега 28-годишната насмеана мајка .
Таа започнала да зема лекови против болки на возраст од 15. години, но кога се видела на постерот за предупредување за млади, почувствувала вистинско понижување. Сепак, тоа било она што ја натера да се промени нејзиниот живот.
„Мојата слика што ја објавија дефинитивно ми се врежа во умот и ми помогна да сфатам што ќе се случи ако ми падне на памет повторно да се откажам“, рекла таа.
Gepostet von Erika Hurt am Sonntag, 27. Oktober 2019
И таа пронајде посебна мотивација во Паркер, нејзиниот син, кој имал само 10. месеци кога полицијата открила дека е предозирана.
„Ние во никој случај не бевме поврзани, што е многу тажно“, рекла Ерика, која била чиста за време на бременоста, но почнала да зема лекови два месеци по породувањето.
„Јас бев само физички присутна, но не и ментално. Ги промашив сите негови први чекори, неговата прва насмевка и сè што е важно“, рече таа.
Сега, вели таа, тие се неразделни и заедно го слават животот пред нив. За време на „Ноќта на вештерките“, тие биле заедно по слатки во соседството, а тивко тропнале и на вратата на полициската станица од која биле полицајците кои ја спасиле на фаталниот ден.
„Вие не знаете колку сум среќна што гледам дека Ерика е добро и заедно со нејзиниот прекрасен син“, рекол Талент, полицаецот кој и го спасил животот.