(ФОТО) АКЦИЈА НА „СКОПЈЕ СМОГ АЛАРМ“: Дрвјата во РАСАДНИК родија згради!‼️

По информацијата дека во Расадник во Кисела Вода во Скопје ќе се градат 100. згради имаше многу реакции на граѓаните, притаени протести за градење на една од ретките слоборни површини, но најсоодветен „протест“ искажаа од „Скопје смог аларм“…
На дрвјата во скопски Расадник никнаа згради. Во еко-герила акцијата која ја објавува фејсбук-страницата се објавуваат фотографии чија цел е да се привлече вниманието на општината и градежните фирми кои на овој простор планираат да изградат 100 нови згради.

„Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот. Просторот наречен Расадник некогаш бил периферија на градот, а градот се развивал и растел околку него. Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на просторот Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти. Денеска дрвата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат. Сè е можно во оваа чудесна Македонија која еволуира секојдневно. Прашање на еволуцијата е и кога општинарите и градежната мафијо-индустрија ќе еволуираат и ќе сфатат дека градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности во кој место треба да има и за дрвата и за луѓето и за зајаците и за пољанките. А којзнае можеби еволуцијата на општинарите е завршен процес и ова никогаш нема да го сфатат…“, автори: Екипа урбани уметнички акции

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Денеска е спомен на Преподобен Јосиф Песнописец: „Човек Божји, ангел во тело, отец на отците“

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Преподобен Јосиф Песнописец, кој потекнуваше од Сицилија. …