(ВИДЕО+ФОТО) Заштитното лице на УЕФА за „EqualGame“ – деветгодишниот Јане Велковски, вљубеник во фудбалот, конечно го доби лекот „спинраза“!

До пред година и пол ретко кој знаеше за Јане Велковски и неговата голема љубов кон фудбалот, но една фотографија со неговиот фудбалски идол Кристијано Роналдо објавена на инстаграм профилот на УЕФА, го обиколи светот.
Потоа деветгодишниот Јане стана миленик на сите лица кои го сакаат фудбалот а не можат да го практикуваат…
За Јане се отвори еден сосема нов свет кој дотогаш му бил толку близок а далечен…

„Кога играм фудбал заборавам дека сум во електрична инвалидска количка. Замислувам дека постигнувам голови како Кристиано“, пишува во описот на фотографијата.

Јане боледува од ретката болест СМА тип 2- врзан за инвалидска количка, која му била дијагностицирана непосредно пред првиот роденден. Но и покрај болеста, Јане не прастанува да сонува да биде фудбалер.Тој е весело и интелигентно момче, кој својата количка ја вика формула која му овозможува да трча и да биде најбрз меѓу другарчињата.

Јане е заштитно лице на „EqualGame“ а фотографии и видеа со него се чести на страницата на УЕФА на Инстаграм…

View this post on Instagram

Team mates 🤜🤛 ♥️ #EqualGame #UELfinal

A post shared by UEFA (@uefa_official) on

После операцијата во октомври минатата година, Јане со семејството бил гостин на натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мајка за синот изградила мостови до училиште

Грижлива мајка во кинеската провинција Хенан потрошила повеќе од милион јуани или околу 154.000 американски …