(ФОТО) Славните „Пријателки“ повторно заедно: Изгледаат како некогаш!

Иако поминаа 15 години од крајот на серијата „Пријатели“, сите останале во одлични односи, како што Џенифер Анистон  потврди пред еден месец со нивната заедничка фотографија, воедно и нејзиниот прв пост на Инстаграм.
И’ сега познатите „Пријатели“ од серијата се соединија на доделувањето на наградите SAG AFTRA „Artists Awards“ во Беверли Хилс.
Моника (Корнти Кокс), Рејчел (Џенифер Анистон) и Фиби (Лиза Кудроу) позирале пред фотографите, што било доволно да го украде целото внимание на настанот, а покрај тоа и одлично се дотерале.

Кортни имала предизвикувачка елегантна комбинација на црна облека со прозирна блуза, панталони со висок струк и салонки со високи штикли.
Во црната била познатата „Фиби“ која била облечена во фустан со реси и трендовски ракави со пуфки, како и салонки.
Џенифер избрала за црно-бел печатен фустан со длабоко деколте, како и црни сандали, а покрај стајлингот, таа се истакнала во групата како единствена добитничка на награда. Поточно, Анистон ја доби наградата „Уметници за инспирација“ за нејзината хуманитарна работа, а Кокс и Кудру дојдоа да и дадат подршка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ринго Стар е болен, ги откажал настапите: „Не е Ковид 19“

Ринго Стар бил принуден да ги откаже своите настапи овој викенд откако се разболел од …