(ФОТО) Не го дочекал крајот на дербито: Роналдо со пцости го напуштил теренот и си заминал дома!

КРИСТИАНО РОНАЛДО беше заменет во 55-та минута од дербито од 12. коло во Серија А, во кое неговиот Јувентус го совлада Милан со 1:0.
Откако тренерот Маурицио Сари му сигнализирал да ја напушти играта, Роналдо налутено и со пцости на португалски јазик го напуштил теренот. Притоа, тој едвај се збогувал со Пол Дибала, кој наместо него влегол во игра и кој подоцна го постигнал победничкиот гол.
Без да се збогува од тренерот и клубот, тој истрчал во соблекувалната

Но, Роналдо, без поздрав и ракувања, што е вообичаено кога сите фудбалери, па дури и за Роналдо, ја напуштаат играта, ги оставил тренерот, членовите на стручниот тим и соиграчите на клупата.Бидејќи веднаш по напуштањето на играта тој отишол во соблекувалната.
Тој го напуштил стадионот пред крајот на дербито
Оттаму, тој си заминал без да напрви нешто што се очекува од сите фудбалери – да ги дочека своите соиграчи и да ги поздрави по натпреварот. Според италијанските медиуми, Роналдо направил уште еден демонстративен гест кон крајот на натпреварот. На три минути пред крајот на натпреварот, тој го напуштил стадионот на Јувентус.
Зошто е лут Роналдо?
Причината за гневот на Роналд е тоа што ова е втор натпревар по ред на кој е заменет. Пет дена по натпреварот кај Локомотив во Лигата на шампионите, тоа му се случи и против Милан во Серија А. И во двата натпревара Роналдо излезе додека неговиот клуб имал еден бод а без него го зема сите три.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …