Славната француска дива се опоравува од мозочниот удар

Познатата француска актерка Катрин Денев (76) многу добро реагира на терапијата и одмора откако доживеа благ мозочен удар за време на снимањето на филм оваа недела, соопштено е од околината на актерката.
“Како што рековме претходно, таа нема да има проблеми со мотороиката. Таа се одмора и се спроведуваат понатамошни тестови”, изјавиле нејзините најблиски, додавајќи дека мозочниот удар бил благ и актерката имала среќа бидејќи лекарите брзо интервенирале.
На славната актерка и се слошило во вторникот во болнички круг во пошироката област во Париз додека ги снимашла сцените на новиот филм на режисерот Емануела Берко „De son vivant“ (За живот). Катрин Денев веднаш била сместена на одделение, а подоцна била префрлена во друга болница во Париз.
Во својата 50-годишна актерска кариера, Катрин Денев снимала со најпознатите режисери, од Луис Бунјуел, до Роман Полански, Андре Тешине и Ларс фон Триер. Играше во креации кои станаа класика на филмската уметност.
Меѓу најпознатите филмови на Катрин Денев се „Шербурските чадори“ од Жак Деми (1964), „Одбивност“ на Роман Полански, „Убавицата на денот“ од Луис Бунјуел (1967), „Последното метро“ од Франсоа Трифо (1980) и „Индокина“ од Регис Варни (1992) , за што ја добилаединствената номинација за Оскар.
Магазинот „Look“ ја нарече најубавата жена во светот, таа беше лице за парфемот Шанел и муза на модниот дизајнер Ив-Сен Лорен, а во странство е симбол на француската елеганција и е една од ретките француски актерки што се најде во холивудската сала на славните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …