ОДНОСОТ ИМ БИЛ ФАТАЛЕН: Жената била префрлена во болница откако била интимна со сопругот – Не знаеле што е причината за нејзината состојба а потоа и лекарите ДОЖИВЕАЛЕ ШОК!

Една жена скоро починала од алергиска реакција по незаштитен секс со сопругот, кој во тоа време пиел антибиотици.
Една Американка (46) од Балтимор, Мериленд, доживеала анафилактичен шок само еден час по сексуалниот однос. По кожата и се појавиле црвени флеки и почнала да се препотува, а ја фатила и вртоглавица. Кога нејзините симптоми се влошиле, со сериозно чешање и дијареја, таа била итно пренесена во болница. Лекарите откриле дека таа има алергиска реакција на пеницилин, иако им рекла дека не земала никаков лек или необична храна тој ден.

Најпрво претпоставиле дека пациентката страда од сепса, бидејќи нејзиниот крвен притисок бил исклучително низок. Тие и дале инфузија и антибиотици за борба против сепса. Сепак, последователните тестови откриле дека нема инфекција и дека жената е всушност во анафилактичен шок – прекумерна реакција на имунолошкиот систем на супстанца која ја препознава како штетна за организмот.
Анафилактичкиот шок, исто така, предизвикува ненадеен пад на притисокот, а дишните патишта се стеснуваат, предизвикувајќи задушување, што во некои случаи може да биде и фатално. Што всушност се случило? Во тоа време, нејзиниот сопруг земал нафцилин, форма на пеницилин, за лекување на воспаление на срцевиот мускул.

Нејзината реакција била предизвикана од „семеен трансфер на нафцилин“, како што на крајот заклучиле лекарите, и веднаш и бил даден адреналин, кој се дава при анафилактичен шок, бидејќи ги релаксира мускулите околу дишните патишта во белите дробови и помага во подигнување на крвниот притисок.
Состојбата на жената се подобрила следниот ден и таа уможела да ја напушти болницата. И било забрането да има секс со нејзиниот сопруг најмалку седум дена откако ја примила својата антибиотска терапија.

Пеницилин, како и другите антибиотици, се концентрираат во сперматозоидите и може да се апсорбираат од вагината. Затоа лекарите сега ги повикуваат колегите и фармацевтите да бидат свесни за потенцијалните ризици од препишување на овие лекови, особено за луѓе чии партнери имаат алергиски реакции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …