(ВИДЕО) АТП МАСТЕРС Лондон: Ѓоковиќ на Беретини му препушти само три гема

Новак Ѓоковиќ рутински дојде до својата прва победа на завршниот Мастерс и го победи Матео Беретини во два брзи сета.
Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Матео Беретини во првиот натпревар од Мастерсот и славеше во два сета 6:2, 6:1.
Беретина направи многу грешки, па Ѓоковиќ не мораше да вложи посебни напори да излезе како победник од овој меч. Вториот рекет на светот гоправеше токму тоа што беше потребно и го притисна кога беше важно.
Еден брејк во првиот и два во втората беше доволна за победа.
Во групата со Ѓоковиќ и Беретини се Роџер Федерер и Доминик Тим кои го играат својот натпревар од 21. часот по што организаторите на турнирот ќе постават распоред за вторник кога ќе се игра второто коло во оваа група.

Погледнете го најубавиот поен од дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Беретини на завршниот турнир на сезоната во Лондон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ШОКАНТНО – МИСТЕРИЈАТА НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК РЕШЕНА ВО ЈАПОНИЈА: Долго се верувало дека станува збор за легенда, а потоа е пронајден ДОКАЗ!

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северноатлантскиот океан, каде …