(ФОТО) ЗАЕДНО ИМААТ 211 ГОДИНИ: Според „Гинис“ тие се најстариот пар на сите времиња

Џон Хендерсон има 106., а неговата сопруга Шарлот 105. години. Љубовната приказна на Хендерсонови буквално го преживеала тестот на времето, а на 15. декември оваа година ќе прослават 81. година брак.
Заедно имаат 211. години, а сега е и службено – брачниот пар од Остин, Тексас и’ официјално е прогласен  за најстар жив пар на светот, наведуваат од Guinness World Records.
Џон Хендерсон има 106, а неговата сопруга Шарлот 105. години. Љубовната приказна на Хендерсонови буквално го преживеала тестот на времето, а на 15. декември оваа година ќе прослават 81. година брак.
Тие се запознале на Универзитетот во Тексас во 1934. година, кога Шарлот студирала за учителка, а Џон бил дел од фудбалскиот тим.

Се венчале во 1939. година, за време на Големата депресија, а за хотелската соба на медениот месец потрошиле само 7. долари.
Foto: Longhorn Village Senior Living Community
Џон е воедно и најстар жив бивш фудбалер на тексашкиот универзитет, а последните 84. години се држел до традицијата секоја година да присуствува на барем еден натпревар на Лонгхорн.
И двајцата и понатаму се многу здрави, а Џон секој ден вежба. Пред десет години тие се преселиле во селото Лонгхорн, локална заедница за возрасни лица во рамките на Универзитетот Тексас.


„Која е тајната на долгиот живот и среќен брак“, ги прашале новинари од Си-Ен-Ен.
„Живејте умерено и бидете срдечни кон својот сопружник“, рекол Џон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЖЕШКАТА ЈОГА ГО ЗАГУДЕЛА СВЕТОТ – ГУРУ ВО ГАЌИ: Бил милионер, армија жени го обожувале, а потоа се открило дека крие МРАЧНА ТАЈНА!

Бикрам Чудури некое време бил чудо во светот на јогата. Милиони низ целиот свет, претежно …