ХУМАН ЧОВЕК: Пред неколку месеци како таксист почнал бесплатно да превезува деца со потешкотии во развојот

Харис Полиќ од Завидовиќ,БИХ, кој започнал со такси возила пред неколку месеци, на својата Фејсбук страница објавил дека ги повикува родителите на децата со посебни потреби да го повикаат слободно и дека ќе им овозможи бесплатен превоз до болницата.
Тој решил да ја донесе оваа одлука затоа што повеќето родители за жал не можат да го одведат своето дете во болница заради лошата финансиска состојба. Тој вели дека е хумано да се помогне во вакви ситуации.
„На идејата за бесплатно возење на деца со посебни потреби дојдов со тоа што сè повеќе и повеќе секојдневно гледав, како во медиумите така и во околината во која живеам, дека сè повеќе деца се болни. Нивните родители обично се без работа, и има многу примери во мојата чаршија. Се надевам дека оваа одлука барем ќе му помогне на некого, затоа што тоа е ситница за мене а ќе биде добро за некого“, вели Харис Полиќ.
Тој рекол дека неговите колеги исто така треба да бидат хумани и да одвојат малку време за да им помогнат на оние што имаат потреба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …