(ФОТО) Стоилов: Се надевам дека на крајот Вардар ќе слави, а Карачиќ ќе „плаче“! Пуштени дополнителен број на билети за стоење по цена од 150. денари

Во сабота не очекува дербито на колото во најсилната група Б. Во С.Ц. Јане Сандански, Вардар ќе ја пречека екипата на Киелце.

Вардар одржа прес-конференција на која ги сподели очекувањата за овој дуел. На истата присуствуваше тренерот, Едуард Кокшаров кој го изјави следново:

„Не очекува тежок натпревар против Киелце. Имаме ситуација во која, секоја победа не носи напред во групата, додека секој пораз не враќа назад. Иако имаме повредени играчи, подготвени сме за саботниот дуел. Во нашите мисли е само победа, а дуелот ќе покажа што ќе се случи на крајот. Ја пратиме ситуацијата со повредените играчи, а на последниот тренинг ќе одлучиме со кој состав ќе настапиме. Има голема желба кај сите, но ќе одлучиме во последен момент“, истакна Кокшаров.

Капитенот Стоилов, истакна дека неговиот тим го очекува тежок натпревар против голем ривал. На крајот истакна дека се надева дека Вардар на крајот ќе слави, и дека Карачиќ ќе биде тој кој ќе „плаче“.

„Киелце е наш голем ривал, нашите мечеви со нив се секогаш тешки и неизвесни. Се работи за незгоден противник. Се наоѓаме во тешка ситуација поради повредени играчи, но наше е да дадеме се од себе, а се надевам дека ќе имаме и голема поддршка од трибините. И Килце нема да биде комплетен, имаат слични проблеми, тоа е борбена екипа која игра до самиот крај. На крај некој ќе плаче. Против нас ќе го имаме Карачиќ, се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе победиме и ќе славиме на крај“.

Пуштени дополнителен број на билети за стоење, за мечот со Киелце
Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Киелце пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.
Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети.
Истите се за секторот СТОЕЊЕ.
Цената на билетите е 150 денари.
Натпреварот меѓу Вардар и Киелце е закажан за в сабота, 9 ноември во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …