(ФОТО) ПРОЛАЗ ВО СЛОБОДА – ПРЕКУ ТАЈНИОТ ТУНЕЛ СЕ БЕГАЛО ВО ДРУГИОТ ДЕЛ НА БЕРЛИН: Подземниот пролаз под Берлинскиот ѕид отворен за јавност!

Тунелот под Берлинскиот ѕид, кој служел за бегство кон западна Германија, вчера беше првпат отворен за јавноста.
Тунелот под улицата „Бернауер“ го отворил градоначалникот на Берлин, Мајкл Милер, во време кога се слави 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Тој им се заблагодарил на оние што го ископале тунелот долг 100. метри во 1970. година, девет години откако Источна Германија ја затворила границата.

„Битката за слобода исто така се одвиваше под земја“, рекол тој.

Тунелот е изграден од група луѓе кои избегале во Западен Берлин. Тие сакале да им помогнат на пријателите и семејството да го сторат истото, но, само неколку дена пред да го завршат тунелот, источногерманските власти го откриле и делумно го уништиле.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …