????????????????????????????????????

Турски театар вечерва ја игра претставата „Ана и Хана“

Турскиот Театар,денес (08 ноември), со почеток во 19 часот, ќе ја изведе претставата за младинци „АНА И ХАНА“, работена според мотивите на ДНЕВНИКОТ НА АНА ФРАНК, а во адаптација и режија на Драгана ГУНИН.
Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија, со титл на македонски јазик.
Сценографија: Беди ИБРАХИМ, Костимографија: Елена ВАНГЕЛОВСКА, Музика: Ади ИМЕРИ, Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА, Улогите ги толкуваат: АНА ФРАНК – Емине ХАЛИЛ, ХАНА – Жале ОСМАНЛИ, ХИРА – Инес РАДОНЧИЌ, ПЕТЕР – Хакан ДАЦИ, г-ѓа ФРАНК – Фунда ИБРАХИМ, г-дин ФРАНК (Пим) – Един ЈАКУПОВИЌ, г-ѓа ВАН ДАН – Зиба РАДОНЧИЌ, г-дин ВАН ДАН – Ријад ТАХИР, ПОЛИЦАЕЦ – Наџије КЕЧ

„Драга Ана,
Многу се радувам што се сретнавме. Немам одговор на многу твои прашања само се надевам дека бар во еден момент допревме до твојата приказна.
Знам дека е тешко да се замисли ама фашизмот сè уште трае. Човештвото е во постојан пораз од себеси и оние на власт. Во еден момент се чини дека светот се распаѓа. Уште има војни, уште има кафези што бараат птици ама и птици што се борат за својата слобода.
Постојат луѓе како тебе што го спасуваат и го прават поубав, потопол и похуман. Иако е сè потешко.
На крај на ден и јас сакам да верувам дека луѓето се навистина добри во срцата.
Твоја Драгана
Драгана ГУНИН
Режисер на претставата“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Азиска премиера на „Врба“ : ВО ТАЈПЕЈ РЕДИЦИ ЗА АВТОГРАМ ОД МАНЧЕВСКИ

Час и половина чекаше тајванската публика во 20-метарска редица за автограм од режисерот Милчо Манчевски. …