Со помош на специјални ефекти Џемс Дин, 64. години од смртта, ќе снима нов филм

После повеќе од 60. години по неговата смрт, Џејмс Дин ќе се појави на филмот со специјални ефекти кои ќе го оживеат неговиот лик, потврди продуцентската компанија Magic City Films.
Во долгометражниот филм, кој наскоро ќе започне со снимање, „Пронаоѓањето на Џек“, новата верзија на Џејмс Дин, починат во 1955. година, ќе ја игра улогата на Роган.

Филмот ќе ја користи технологијата „full body” која создава слика на личност базирана на архивски фотографии и видеа.
Magic City Films започна со проектот затоа што ги има сите права да го користи ликотна Џејмс Дин кои ги купил од семејството на актерот.
„Семејството тоа го доживува како негов четврти филм, кој тој никогаш не успеал да го сними“, рекол Антон Ернст, еден од основачите на Magic City Films и корежисер на филмот покрај Тати Голих.

„Нема да ги разочараме неговите фанови“, вети тој.
Џејмс Дин почина на 30.09.1955 година во сообраќајна несреќа на 24-годишна возраст, кога своето второ Порше го удри на патот во Калифорнија кај Шолам.

Тој глумеше во три филма – „Бунтовник без причина“, „Источно од рајот“ и „Див“ (1956), а за последните два беше номиниран за Оскар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …