Нова драма за претстојното „Ел Класико“: Засега ќе се игра на 18.декември

Продолжуваат проблемите околу спроведувањето на големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Двете екипи требаше да играат на 26. октомври, но нивниот натпревар беше презакажан за 18. декември на Камп Ноу од безбедносни причини. Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, сега објави дека почетокот на дербито може да се промени.
„Сè уште размислуваме кога да се игра, затоа што не сакаме да се совпадне со ниту еден од натпреварите од Купот тој ден, рече Тебас.

Значи, опциите се натпреварот да започне помеѓу 12 и 16 часот, што е добро за навивачите од Азија, но ако денот ее петок или сабота, а не среда, како што ќе биде сега случај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Смена на генерациите: Циципас преку Федерер до финалето во Лондон

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во финалето на Завршниот Мастерс во Лондон. Тој во …