(ВИДЕО) Се појавила неверојатна снимка – ВОДИТЕЛКА НА МОЌНА АМЕРИКАНСКА ТВ СЕ’ ПРИЗНАЛА ВО ТАЈНА СНИМКА: „Имав приказна за Клинтон и Епштајн пред 3. години, не ми дозволија да ја емитувам“ – милијардерот педофил е убиен а најавила кој може да е следен!

Презентерката на Еј-Би-Си, Ејми Робак, една од најголемите во САД, се пожалила на нејзиниот продуцент по наводното самоубиство на милионерот педофил Џефри Епштајн, додека камерата и микрофонот сè уште биле вклучени во студиото.
Видеото во кое се открива дека имала приказна за Епштајн пред три години, но дека мрежата не го одобрила емитувањето, е објавено од групата „Проект Веритас“. Видеото е, наводно, добиено од вработен во CBS News, кој бил отпуштен поради тоа.
Еј-Би-Си соопштил дека идентификувала вработен кој ја поседувал снимката, но не е обвинет за испраќање директно до „Проект Веритас“.
Наводно, тој е поранешен вработен во Еј-Би-Си.

Како што може да се види, Робак изнела голем број обвинувања против нејзината мрежа, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, Бакингемската палата и други кои се доведуваат во врска со педофилот.
Таа тврди дека не и дозволиле да емитува интервју со Вирџинија Робертс, една од жртвите на Епштајн, направено пред три години.
„Тие ме прашаа кој е Џефри Епштајн? Тоа е глупава приказна. Нејзиниот адвокат ми кажа дека времето ќе покаже дека Епштајн е најголемиот педофил што оваа земја го видела било кога“, се сеќава Ејми, видливо лута додека низ медиумите се врти „нејзината приказна“.

Новинарката вели дека заканите од Бакингамската палата почнале да доаѓаат веднаш штом станало јасно дека таа направила интервју со Робертс, инаку фотографирана со принцот Ендру.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …