(ВИДЕО) РЕАКЦИЈА НА НАРОДОТ: Незадоволни демонстранти и ја избричиле главата на градоначалничката и ја полиле со боја!

Градоначалничка во Боливија, Патриша Арче, била јавно понижена од толпата демонстранти, кои и ја исекле косата и ја полиле со црвена боја.
Градоначалничка на мал град во Боливија била нападната од опозициските демонстранти кои ја влечеле низ улиците боса, ја полиле со црвена боја и насилно и ја исекле косата.
Патриша Арче од владејачката партија Мас по неколку часа била предадена на полицијата во градот Винто.

Ова е последен во низата насилни судири меѓу приврзаниците на владата и противниците , по контроверзните претседателски избори.
Најмалку три лица досега загинаа во протестите во главниот град Ла Паз.
Група антивладини демонстранти го блокирале мостот во Винто, мал град во провинцијата Кочабамба во централна Боливија, како дел од нивните секојдневни демонстрации по претседателските избори на 20-ти октомври.

Демонстрантите ја обвиниле градоначалничката Арче дека е приврзаник на претседателот и дека е одговорна за насилството на полицијата, во кое се зборува дека имало двајца загинати демонстранти. Додека масата извикувала „убиец, убиец“ маскирани мажи ја влечеле градоначалничката боса низ улиците до мостот. Таму, ја натерале да клекне , и ја исекле косата и ја обоиле во црвена боја. Потоа ја принудиле да потпише писмо со оставка.
Арче на крајот била предадена на полицијата која ја однела во локален здравствен центар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …