(ВИДЕО) Погледнете како монструмот на АУДИ го симнал Мерцедес од тронот!

Новитетот на Audi е побрз од SUV на Mercedes.
SUV-те се нормална појава на Нирбургринг. Отпрвин се восхитувавме на Алфиниот Стелви, а потоа после серија обиди пристигна проклета брзиот Мерцедес. Поконкретно, тој пристигна од Афалтербах,а неговото име е Mercedes-AMG GLC 63 S. Само пред една година го заврши коругот за 7 минути и 49.3 секунди.

А сега пристигна Audi RS Q8. Всушност, сè уште не е пристигнат, бидејќи премиерата е закажана за 20 ноември. Но, моделот веќе е пробан на познатата германска патека, а е тестиран од страна на некои медиуми. Времето што го постигна е значително подобро од Мерцедес, со круг од нешто повеќе од 20 км, бил извозен за 7 минути и 42,2 секунди.
Многумина го сметаат Audi RS Q8 како препакуван Lamborghini Urus. И не се далеку. Под хаубата е истиот 4,0 Т8 твин-турбо, сега со 600 КС и 800 Nm. И покрај голема маса од 2,4 тони, до 100 км на час ќе пристигне за 3,8 секунди и ќе вози над 300 км на час.

Британскиот Autocar дознал дека воздушната суспензија е земена од SQ8. Тркалата се со дијаметар од 23 инчи со ролери на Pirelli P Zero со големина 295/30.
Ако се прашувате колку автомобилот е „добро среден“ најдобро говорат следниве информации. Од Audi Sport велат дека 100 круга на Нирбургринг одговараат на оптоварувањето што го доживува автомобилот во текот на неговиот животен циклус. РС Q8 одработил скоро 18.000 км.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …