(ВИДЕО+ФОТО) Самохрана мајка си направила куќа: Рај од 18,5 квадрати за кој сите зборуваат!

После два неуспешни брака, изгубен дом, Мишел решила сама да си изгради дом.
До неодамна, Мишел Боил била принудена да изнајмува дом во Орегон за 1.173 долари месечно.

Поради високата кирија а малечката плата, Мишел немала шанси да штеди. Сè што ќе заработила, работејќи во кафуле, таа давала на трошоци и храна.
Таа едвај крпела крај со крај сè додека нејзините деца не станале независни. Тогаш Мишел решила да ги преземе работите во свои раце. Одлучила да изгради мала куќа за себе.

Таа започнала да ги проучува упатствата во кои луѓето зборуваа за тоа како тие граделе мали куќи. Таа успеала со многу малку пари за себе да изградам куќа во која се преселила од големата куќа што ја изнајмувала.
Мишел месечно троела 1.173 долари за изнајмување на куќа во која имало три спални соби, кујна, купатило, ходник и гаража. Таа сега живее во куќа од 18,5 квадратни метри. За изнајмување на мало парче земја на кое стои куќата, Мишел плаќа само 58 евра, а во оваа сума се вклучени електрична енергија, вода и WIFI.

„Не само што сама ја изградив куќата, туку и ја дизајнирав“, вели Мишел.
Целиот мебел во куќата е од 40-ттите или 50-ттите години на минатиот век. Оваа храбра жена веќе две години собира мебел, имајќи во предвид дека еднаш ќе има свој дом.

Кога ќе ги погледнете овие фотографии и видео, ќе помислите дека куќата е поголема од 18,5 квадратни метри. Сепак, Мишел вели дека е посреќна во оваа куќа отколку во големата што ја изнајмувала додека децата живееле со неа.
Денес, Мишел гради и дизајнира домови за други луѓе кои сакаат да ги намалат трошоците за живот. Нејзиниот сон станал нејзина работа со повеќе приходи отколку што некогаш се надевала!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …