(ВИДЕО+ФОТО) ЛЕЈДИ ГАГА КОНЕЧНО ЈА ОТКРИЛА ВИСТИНАТА: Една година се зборува за нејзината врска со Бредли Купер а сега познатата пејачка одлучила се’ да каже!

Режисерското деби на Бредли Купер „Ѕвездата е родена“, во која глуми пејачката Лејди Гага, сè уште е една од главните теми, сето тоа заради наводите дека славната двојка се впуштила во љубовна афера за време на снимањето.

Ваквите тврдења дополнително се поттикнуваат од фактот дека и’ актерот и пејачката ги прекинале врските во кои биле. Бредли се раздели од манекенката Ирина Шајк, а Гага го остави свршеникот Кристијан Карин, агент за таленти.
Сепак, Лејди Гага решила конечно да зборува на темата што го заинтригира целиот свет една година.

„Да бидам искрена, мислам дека медиумите се глупости. Направивме вистинска љубовна приказна! Сакавме луѓето да веруваат дека сме заедно. На Оскарите сакавме да ја пренесеме љубовта преку камерата и вежбавме со денови. Се’ беше оркестрирано“, рекла Гага за „Ел“.

„Мислам дека направивме добра работа“, додала таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …