Конзумирањето на јогурт и храна богата со растителни влакна се поврзува со намален ризик од карцином на белите дробови, открива новата американска студија.
Научниците посочуваат дека придобивките од конзумирање на храна богата со растителни влакна и јогурт и нивното влијание врз здравјето се веќе утврдени кога станува збор за кардиоваскуларни заболувања и рак на дигестивниот систем.
Научниците посочуваат дека придобивките од конзумирање на храна богата со растителни влакна и јогурт и нивното влијание врз здравјето се веќе утврдени кога станува збор за кардиоваскуларни заболувања и рак на дигестивниот систем.

Новите откритија се засноваат на анализата на податоците од студиите во кои се вклучени 1,4 милиони возрасни лица од Соединетите држави, како и од европските и азиските земји. Тие сугерираат дека овој вид исхрана може ефикасно да го спречи развојот на рак на белите дробови.
Учесниците во студијата биле поделени во пет групи, во зависност од количината на влакна и јогурт што го консумирале. Оние кои консумирале најмногу од споменатата храна имале 33% помал ризик од развој на рак на белите дробови во споредба со групата без јогурт, како и храна богата со растителни влакна.

„Нашата студија дава силен доказ за поддршка на упатствата за исхрана за САД во текот на 2015-2020 година, кои препорачуваат исхрана богата со растителни влакна и јогурт“, рекол еден од авторите на студијата, д-р Ксао-Оу Шу која се бави со истражување на карцином како дел од Програмата за истражување на епидемиологијата за рак во Центарот за рак „Вандербилт-Инграм“.
„Ние ја забележавме оваа инверзна врска меѓу сегашните и поранешните пушачи, но и меѓу луѓето кои никогаш не пушеле, како и подеднакво меѓу мажите и жените и лицата со различно потекло“, додала научничката.

Шу рекла дека позитивниот ефект на растителните влакна и јогуртот врз здравјето е одговорен за пробиотичните својства на храната (пробиотиците се несварливии состојки на некои прехранбени производи кои го стимулираат растот на корисни микроорганизми во цревата и гарантираат здрава и силна цревна флора) и пробиотичните својства на јогуртот кои можат самостојно или заеднички да ја менуваат микробиозтиката на цревата на квалитетен начин. Авторите на студијата ги објавија резултатите од студијата во списанието JAMA Oncology.