(ВИДЕО) Пред концертно – Таско промовира нова песна и спот

Во исчекување на големиот концерт со Раста кој што треба да се случи оваа сабота, Таско промовира нова песна и спот. Амнезија е насловот на песната и е во трап стил.
Текстот е на Таско, музика Cheketz Beats, миксот и мастерингот на Иван Јованов – Ивајо, додека спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски – God Eye Production. Се снимаше во стан во Џевахир Скај Сити и на друга локација во нас.Аеродром. Изработен е во футуристички стил.
Амнезија – минливо „затемнување“ после бурна ноќ….Таско една вечер поминува со девојка, од утре и е само во нејзините спомени…Во реалноста не постои, постои само во нејзината фантазија и имагинација…
Во спотот по долна облека се појавува моделот Наташа Неделковска или позната како Таша Реј. Атрактивна девојка, голем љубител на тетоважите и можеби најтетовираната девојка во нашата земја. Едноставно ја сака уметноста на тетовирањето…Заедно со Таско се појавуваат во полуголо издание каде мамат воздишки…кај обата пола.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Искрено со портпаролката Богданка Кузеска:„На децата им е кул што не сме во брак со Горан, ама ако се умни ќе се венчаме“

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, пред да влезе во политиката беше новинар. И денес за …