European Film Challenge ќе се претстави на Cinedays 2019

Во тек е првиот европски филмски предизвик или EuropeanFilmChallenge што ќе биде претставен во рамки на придружната програма на филмскиот фестивал – Cinedays 2019 во Скопје.

Презентацијата е закажана за петок, 08.11. во 12:00 часот во МКЦ, а претставува особена прилика за професионалците од македонската филмска индустрија и продукција да се информираат за можностите за промоција на нивните филмови во рамки на европскиот филмски предизвик и каналите за промоција и афирмација на европската кинематографијата.

EuropeanFilmChallenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали – Берлинале, Кански Филмски Фестивал и Венеција Филм Фестивал.

Првиот предизвик, за чие освојување победникот ќе отпатува на филмскиот фестивал во Берлин – Берлинале 2020, е во тек и активна е официјалната страница за регистрација и учество.

Проектот EuropeanFilmChallenge во Република Северна Македонија го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21, со поддршка од програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската Филмска Индустрија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Азиска премиера на „Врба“ : ВО ТАЈПЕЈ РЕДИЦИ ЗА АВТОГРАМ ОД МАНЧЕВСКИ

Час и половина чекаше тајванската публика во 20-метарска редица за автограм од режисерот Милчо Манчевски. …