(ФОТО) ВИСТИНСКА КУКЛА: Девојче со Даунов синдром избрана за модел во каталог на играчки

Четиригодишната Иви Кимбл е ѕвезда на новото издание на каталог со играчки American Girl.
Иви е родена со Даунов синдром, но тоа не било пречка да стане модел. Така завршила на страниците на октомвриското издание на каталогот.

Девојчето облечено во црвен фустан го украла сето внимание. Нејзината мајка Кристен за ABC13 изјавила дека тоа го смета за голем чекор напред.
„Имам четири ќерки и мојот сон беше барем една од нив да заврши во каталогот на American Girl. Нема многу медиски содржини кои вклучуваат лица со Даунов синдром. Поради тоа е ова голема работа. Горда сум“, појаснила па додала дека ова наскоро ќе стане пракса и на други компании.
Иако станува збор за каталог кој не е достапен на наши простори, меѓу американските деца е многу популарен. Го издава компанијата Mattel, а досега во кампањите вклучувале слушни помагала, инсулински пумпички, инвалидски колички и кучиња за помош на слепи и слабовидни лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …