Премиерата на операта „Кармен“ од Жорж Бизе на 8. и 12. ноември

Националната опера и балет на прес конференција објави за премиерата на операта „Кармен“ од Жорж Бизе, која ќе биде изведена на 8 и 12 ноември 2019 година. По нејзината последна премиерна обнова во 2002 година, по 17 години, „Кармен“ ја доживува својата седма премиерна обнова реализирана во рамките на националната оперска куќа.

Нејзиното поставување, како и нејзиното изведување во текот на целата, скоро седумдесет годишна дејност на Македонската Опера, има посебно и мошне големо значење. Имено, таа е првата француска опера изведена на сцената на Македонската Опера (македонската премиера се случила на (4.3.1951 година), а според официјалните податоци на Националната опера и балет, таа е и трета, најгледана опера од нејзиното формирање до денес (веднаш зад „Травијата“ и „Аида“), но и една од првите десет најгледани претстави на репертоарот.

Авторскиот тим на новата режија, сценографија и костимографија го потпишуваат: Нина Најденова (Бугарија) – режисер, Елена Иванова(Бугарија) – сценограф, Марија Пупучевска – костимограф, Олга Панго – кореограф.

Диригент е гостинот од Италија, Енрико Довико.

Во улогите настапуваат:

Кармен: Ирена Кавкалевска

Дон Хозе: Иван Момиров (Бугарија) (8.11.), Зоран Сотиров (12.11.)

Ескамилио: Марјан Јованоски (8.11.), Ристе Велков(12.11.)

Микаела: Сандра Митровска

Фраскита: Катерина Стојановска(8.11.), Ана Ројдева(12.11.)

Мерцедес: Марика Поповиќ

Данкаиро: Драган Ампов

Ремендадо: Дејан Стоев

Цунига: Ернес Ибраимовски

Моралес: Драган Ампов

 

Балет:

Жени: Илијана Данаилов, Бојана Христовска, Ангела Богатинова, Мила Ниновска
Maжи: Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Кристијан Јангос, Никола Орсо

 

Оркестарот, хорот на Националната опера и балет и детски хор „Пиколо“ – Диригент: Весна Димчевска

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Азиска премиера на „Врба“ : ВО ТАЈПЕЈ РЕДИЦИ ЗА АВТОГРАМ ОД МАНЧЕВСКИ

Час и половина чекаше тајванската публика во 20-метарска редица за автограм од режисерот Милчо Манчевски. …