(ВИДЕО) Колач на Тито: Вакви колачи некогаш се подготвувале!

Оние кои го знаеле Тито велеле дека тој сакал колачи со комбинација на кафе и чоколадо…
Потребно е:
Бисквит:4 јајца, 200 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г мелени ореви или лешници, 5 лажици варено црно кафе-ладно, 5 лажици, полни, брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 3 лажици масло.
Фил: 400 мл млеко, 5 лажици, полни, брашно, 2 жолчки.
Втор фил: 200 г маргарин, 10 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г истопено чоколадо, 3 лажици мелени ореви.
Подготовка: бисквит: одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките. Во жолчките додајте шеќер и убаво изматете, додајте масло, кафе, вмешајте брашно со печиво и оревите, се’ лесно измешајте и на крај поврзете со изматените белки. Смесата истурете ја во правоаголна тава намачкана со масло и наросена со брашно, и ставете во рерна загреана на 180 степени. Печете околу 30. минути.
Прв фил: изматете ги жолчките со брашното и додајте во врелото млеко па сварете густ крем. Тргнете на страна, покријте со прозирна фолија и оставете да се излади.
Маргаринот изматете го пенесто со шеќерот и ванилиниот шеќер, додајте го ладното истопено чоколадо и оревите. Поврзете со првиот фил да добиете воздушест крем.
На кората нанесете го филот, израмнете и нафрлете мелени ореви и рендано чокоалдо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Мед и чаша топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаете дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето …