Крем чоколадна торта без брашно од само пет состојки

Доколку барате совршен рецепт пробајте ја оваа чоколадна торта без брашно
Состојки:
140 г путер
300 г црно чоколадо
5 големи јајца
40 г какао, плус малку за наросување
150 г шеќер
малку сол
Подготовка:рерната вклучете ја на 150 степени. Подгответе калап број 23, намачкајте го со путер, по дното и страните, наросете со какао. Путерот и чоколадото истопете ги на пареа. Убаво измешајте и оставете на страна да се излади.
Одвојте ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките и полека додавајте им го шеќерот. Матете додека не добиете цврст снег од белки. Жолчките измешајте ги со смесата од чоколадо и путер и матете убаво да се соедини. Додајте какао и мешајте да се соединат состојките. Додајте малку сол со шпто ќе се истакне вкусот на чоколадото.
Додајте 1/4 од белките и лесно измешајте. Потоа додајте го остатокот од белките и полека мешајте да се соединат состојките. Не мешајте многу за да не го загубите воздухот од белките.
Истурете ја смесата во подготвениот калап и префрлете во рерна на 30 – 35 минути додека чепкалката кога проверувате не биде сува.
Испечената торта оставете да се излади, малку ќе спадне. Наросете со малку какао, послужете со топка сладолед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …