(ВИДЕО) ТАГА ВО ГВАТЕМАЛА – ТЛОТО ПОЧНАЛО ДА СЕ ПОМЕСТУВА И ИСЧЕЗНАЛО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО: Дупката во земјата проголтала куќа во која биле татко и три сина -застрашувачка сцена!

Еден татко и неговите тројца синови од Гватемала загинале кога свлечиштето ги проголтало.
Како што се движела земјата, во земјата се отворила огромна дупка а куќата била на карпа.
Загинале Франциско Лукс (39) и три момчиња на возраст од 3, 6 и 10 години. Нивните тела биле пронајдени во урнатини.

Во моментот на несреќата, нивната мајка била надвор од куќата, купувајќи храна за појадок, а кога дознала што се случило, била во шок.
Во близина имало и тинејџер на кого спасителите успеале да му го спасатживотот па со неколку скршеници бил префрлен во болница.

Дупката се отворила по обилните врнежи од дожд што ја навлажниле веќе меката почва.
Овогодинешната сезона на дождови во Гватемала започна во мај, а досега однесе 12 животи.

Екран.мк/дејли меил

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Честит Рамазан Бајрам!!!

Редакцијата на Екран го честита Рамазан бајрам на сите муслимани во земјата со најдобри желби …